Наставен кадар
Каков е наставниот кадар?• Високо образовен
• Високостручно оспособен
• Отворен за прифаќање и реализација на новини во
наставата, креативен,
флексибилен и стручно се усовршува преку: задолжителна посета на
семинари; интерна обука; користење стручна литература; соработка со
колеги од сродни училишта; соработка со Бирото за развој на
образованието.
Секоја година училиштето со свои претставници – ученици учествува во поголем број натпревари на Републичко ниво. Така, веќе традиционално стана нашето учество на натпреварите за машински техничари и автомеханичари, натпревари од областа на земјоделието и тракторски натпревари, каде нашите ученици бележат солидни резултати. Исто така, учествуваме и во натпревари од други предмети, како: историја, географија, англиски јазик, физика, хемија и др.
Климата во училиштетo
Јаки страни:
• Стручен и амбициозен менаџерски тим
• Беспрекорна организација во работењето
• Тимска работа
• Меѓучовечки односи на завидно ниво
• Добра соработка помеѓу менаџерскиот тим и
наставниот кадар
• Континуирана и отворена соработка со родителите
