МошаПијаде
Нашето училиште

Ученици

(Учениците не се пасивни слушатели,
тие активно учествуваат во работата на училиштето)

Учениците се вклучени во работата на училиштето преку ученичка заедница. По нивна иницијатива е формирана и работи „Младинската канцеларија во училиштето која има за цел да излезе во пресрет на проблемите на младите и превентивно да влијае врз негативните појави и проблеми со кои се соочуваат младите. За таа цел „Младинската канцеларија“ реализира активности како што се:
• Организирање на предавања за болести за зависност
• Организирање на трибини, работилници за одредени теми
• Спортски натпревари (турнири)
• Организирање на изложби на одредена тема
• Организирање конкурси за литературни творби на одредена тема
• Организирање еколошки акции
• Организирање соработка со слични канцеларии со други училишта
• Младинската организација е член на МАССУМ во рамките на СЕА проектот тие активно работаат во центрите за кариера и Реалните компании со кои ќе се претстават на саемот за образование „Образовно рандеву 2007“ кој ќе се одржи на 19.4.2007

ucenici

На учениците исто така им се овозможува и учество во проекти, семинари,  едукативни кампови, трибини, посета на театри, кино претстави, изложби, литературни читања итн.
Учениците имаат свои претставници и во Унијата во средношколци и на тој начин се во тек со сите збиднувања на нивните врсници и соученици од републикава. Учениците се здобиваат со одредена обука на семинари или кампови и истата ја имплементираат на другите ученици.
Во рамките на активностите на Младинската канцеларија се реализираа еколошки акции кои се состојат во уредување на просторот во и околу училиштето, со цел да се подигне еколошката свест кај учениците.
Учениците кои се грижат за своето здравје се активни членови на планинарската секција која учествува активно на традиционалното искачување на Титов врв.
Хуманите ученици пак, учествуваа во акцијата за крводарителство.

ПОВЕЌЕ ЗА НАС


СПОНЗОРИ


АДРЕСА

У.Ц. Моша Пијаде
ул. Илинденски бб.
1200 Тетово

Тел.1: +389 44 33 04 94
Тел.2: +389 44 33 04 96
Тел.3: +389 44 35 04 90
E-Mail: mosapijade@mt.net.mk