МошаПијаде
Нашето училиште

За училиштето

skolo1У.Ц.”Моша Пијаде” е основан 1928 година како Нижe земјоделско училиште со кое се создале услови за стручно оспособување на ученици од повеќе краишта во земјава. Наставата била двегодишна, а првата генерација броела 30 ученика. Главна цел на училиштето била да образува земјоделски кадри кои стекнатите знаење ќе ги применат во работата на сопствениот имот или во земјоделските стопанства.


Во 1945/46 година Ниже земјоделско училиште прераснало во Средно земјоделско училиште со траење од три години, а веќе во 1950/51 год.училиштето ја добило својата физиономија и станало четиригодишно училиште. Покрај теоретската и практичната настава во текот на учебната година ,за време на летниот период, се изведувала и феријална пракса а во траење од 1 месец. За разлика од практичната настава која се изведувала во училишното стопанство, феријалната пракса се изведувала во државни стопанства и други земјоделски и ветеринарни установи. На крајот на образованието учениците полагале завршен испит.

Во 1960 год. била донесена одлука училиштето да го носи името Средно земјоделско училише “Моша Пијаде”.

Со внесување на новини во образованието се јавила потреба за трансформацијана образованието, и Средното земјоделско училиште прераснува во Училишен Центар за образование на стручни кадри во стопанството “Моша Пијаде”.Како резултат на тоа на 27.12.1973 год. се верификувани следниве профили:

• Земјоделски техничари
• Земјоделско-машински техничари
• Автомеханичари

Подоцна е формирана трговската струка,а во 1977/78 година се оспособуваат skolo кадри од прехрамбената и угостителската струка. Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 год. се верифицира ветеринарната струка,а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Подоцна е формирана трговската струка,а во 1977/78 год.се оспособуваат кадри од прехрамбената и угостителската струка. Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 год. се верифицира ветеринарната струка,а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Поради се поголемиот број на ученици, во 1983 год.е изградена новата училишна зграда,која е опремена со најсовремени кабинети за изведувањае на задолжителна и практична настава. Порастот на моторните возила, пренесувањето на патници и превозот на стока,како и условите за нормално одвивање на сообраќајот придонесе да се зголеми интересот кон сообраќајната струка која се верифицира во 1995 год,како и занимањето столар од дрвопреработувачката струка.

Големиот интерес за шумарство, поттикна во 2004/2005 год да се верифицира со шумарска струка.

Денес центарот опфаќа 2 училишни згради во кои се сместени:

• 42 училници
• кабинети
• работилници
• библиотека

и 8 хектари земјиште во чии рамки влегуваат:
• свињарска и краварска фарма
• млекара
• цвеќара
• кујна
• авто-школа и полигон за обука на возачи
• спортски игралишта

ПОВЕЌЕ ЗА НАС


СПОНЗОРИ


АДРЕСА

У.Ц. Моша Пијаде
ул. Илинденски бб.
1200 Тетово

Тел.1: +389 44 33 04 94
Тел.2: +389 44 33 04 96
Тел.3: +389 44 35 04 90
E-Mail: mosapijade@mt.net.mk