Телефон: +389 44 33 04 94 Е-маил: ssoumpte@gmail.com Адреса: ул. Илинденскa бр. 301, Тетово

РЦСОО „МОША ПИЈАДЕ“

РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Техничар по ветеринарна медицина

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор во ветеринарна медицина, Оператор за сточарско производство, но и други занимања согласно стекнатата квалификација

  • Планира и организира активности, самостојно или под надзор на доктор по ветеринарна медицина;
  • Асистира во прегледот, дијагностиката и лекувањето на животните;
  • Учествува во лабораториски испитувања и контрола на храната од животинско потекло;
  • Подготвува и дава храна на домашни животни;
  • Спроведува зоотехнички, зоохигиенски и превентивни мерки за здравствена заштита на животните;
  • Води ветеринарна евиденција;
  • Врши вештачко осеменување;
  • Обележува животни и друго

Агротехничар/Агротехничар за традиционално и органско производство

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор за традиционално и органско производство, Оператор за растително земјоделско производство, Оператор за сточарско производство, Оператор за земјоделска механизација, но и други занимања согласно стекнатата квалификација

  • Контролира операции за примена на основните техники при работа во полјоделското, градинарското, цвеќарското, лозарското и овоштарското класично и традиционално и органско производство;
  • Правилно подготвува земјоделски машини и материјали за растително производство;
  • Применува системи за обработка на површините за производство на земјоделски култури, начини и техники на сеидба, садење и расадување, мерки за нега на земјоделските култури;
  • Применува принципи на органско земјоделско производство;
  • Спроведува пропишани технологии за работа, контрола на зоохигиенски и микроклиматски услови во објектите за чување на животни;
  • Контролира пропишани мерки за исхрана на сите видови и категории на животни, млечност, прираст и несивост, условите за безбедно складирање и чување на производите од сточарското производство;
  • Води матична евиденција за животните, за продукција на животните и примена на принципите на органско сточарско производство;
  • Контролира операции за примена на основните техники при работа со земјоделска механизација

© 2023 All rights reserved. Developed by @Ilcho Vitanovski

deneme bonusu veren sitelerdeneme bonusubonus veren sitelerdeneme bonus siteleriporn