ИНФОРМАЦИЈА за уписот на ученици во I година во ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово во учебната 2020/2021 година
За престојните уписи во прва година за учебната 2020/2021 година со оглед на состојбата со Ковид 19, почитувани полуматуранти и родители, Ве информираме дека истите ќе бидат реализирани според предвиден протокол
Запишувањето на ученици во прва година во ССОУ „Моша Пијаде“ Тетово ќе се одвива во деновите 16 и 17.06.2020 година, во периодот помеѓу 07:00 и 19:00 часот.
Потребни документи за запишување:
- Пријава за запишување (пријавата ученикот ја може да ја превземе од веб страната на Министерство за образование и наука (www.mon.gov.mk.) или од фб страната на училиштето.
http://mon.gov.mk/…/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0…“ - Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- Освоени дипломи, (доколку имаат)
- Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
- Пријава за запишување (пријавата ученикот ја може да ја превземе од веб страната на Министерство за образование и наука (www.mon.gov.mk.) или од фб страната на училиштето.
- При поднесување на документите ќе биде овозможен влез само на ученикот или неговиот родител/старател, доколку ученикот е спречен да ги поднесе истите
- При влезот во училиштето, задолжително е носење на заштитна опрема (маска, марама или шал на устата и носот), во спротивно нема да биде дозволен влез во училиштето.
- Во училиштето не е дозволено задржување повеќе од 5 минути.
- Почитување на мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од КОВИД-19, одржување на растојание од 2 метра и почитување на редот, насоките и упатствата од редарите или уписната комисија.
Ранг листата на примените ученици ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на Facebook страната на училиштето.
Калкулатор за пресметување поени за упис во ССОУ „Моша Пијаде“ - Тетово
