Квалификации
- Техничар за патен сообраќај
- Техничар за транспорт и шпедиција
Техничар за патен сообраќај
- Организира, реализира и следи транспортен процес при превоз на патници и товар во внатрешен и меѓународен сообраќај
- Врши снимање на сообраќајот, изработува табели и графичка слика
- Уредува технички карактеристики на крстосниците и другите сообраќајни површини, како и сообраќајна сигнализација
- Презема конкретни мерки за правилен увид при сообраќајна незгода
- Врши контрола на техничката исправност на возилата
- Утврдува режим на сообраќај
- Реализира логистички активности
Техничар за транспорт и шпедиција
- Планира, организира, реализира и следи транспорт
- Спроведува царински формалности
- Собира и обработува потребна документација за прием, царинење, транспорт, како и отпрема и допрема на стоката
- Врши шпедитерски работи поврзани со превозот
- Врши прием на стоката во складиште, чување на стоката, ракување со стоката во складиште и испорака на стоката
Каде можам да работам?
- Сектор за сообраќај при општините или Град Скопје
- Транспортни компании за превоз на товар
- Транспортни компании за превоз на патници
- Авто – такси компании
- Автобуски станици
- МВР – Единица за безбедност на патниот сообраќај
- Технички преглед
- Осигурителни компании
- Шпедитерски и логистички компании
- Стоково – транспортни центри, товарни терминали и други логистички центри
- Различни компании (Сектор за складирање)