Можности

Училиштето е опремено со современи наставни средства и помагала за подобро реализирање на наставата на која се изведу ва во кабинети, работилници и на спортските игралишта. За потребите на наставата се користат: дигитална камера, видео камера, 10 графоскопи, 2 касетофони, 8 телевизори, 8 микроскопи, 3 скенери, 2 ЛЦД проектори, 20 печатари и околу 100 компјутери (сместени во 2 кабинета за одржување настава со ученици 1 кабинет за потребите на професорите и 1 кабинет за одржување на настава од стручни предмети каде има потреба за користење на компјутери)

Училишната библиотека со читална функционира беспрекорно и располага со фонд од 11000 книги во кои освен лектирни изданија, речници, енциклопедии може да се најде и голем број на стручна литература од сите области.