Настава

Приоритет во нашиот Центар, како стручно училиште, има практичната настава. Учениците истата ја реализираат, дел во училиштето и во училишната економија, а дел во голем број фирми и организации во Општината. Како Центар, многу помагаме во соработката во овие фирми и организации како наши социјални партнери, со крајна цел, тие да станат потенцијални вработувачи на дел од нашите ученици.

Еве некои од нив: АД „Тетекс“, АМСМ, ресторан „Електра“, „Симак“, ШИК „Јелак“, ветеринарната станица – Тетово и многу други приватни фирми во општината.

Важиме за Центар отворен за промени и новини во воспитно – образовната работа, па во таа насока се вклучуваме во најразлични проекти.Моментално сме вклучени во проектот за модернизација за образованието и во проектот СЕА со центри за кариера и реални компании.

Училиштето е вклучено и во посебна програма за менторирање на ученици – Роми, поддржана од Министерството за образование и наука, а која има за цел помош за полесно напредување во наставата на овие ученици.