Земјоделски-ветеринарна струка

ТЕХНИЧАР ПО ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА

Техничарот по ветеринарна медицина асистира во прегледот, дијагностиката и лекувањето на
животните, учествува во лабораториски испитувања и контролата на храната од животинско потекло. Под надзор на ДВМ (доктор по ветеринарна медицина). врши апликација на ветеринарно-медицински
препар-ати и средства за ДДД (дезинфекција, дезинсекција и дератизација). Врши активности поврзани со подготовка и давање храна на домашните животни.

Води ветеринарна евиденција, врши вештачко осеменување, врши обележување на животните, води матично книговодство и други работи од техничка природа поврзани со здравствената заштита на животните , асистира при хирурш-ки интервенции, подготвува и стерилизира инструменти.

Оператор во ветеринарна медицина
Ветеринарни институти
Државен службеник при Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ
Млечната и месната индустрија
Индустријата за производство на сточна храна и витаминско минерал-ни премикси
Фирми чија дејност се дезинфекци-ја, дезинсекција и дератизација
Сточарски фарми
Ветеринарни амбуланти и станици
Веледрогерии со ветеринарни лекови
Стационари за згрижување домашни миленици

АГРОТЕХНИЧАР И ТЕХНИЧАР ЗА ФИТОМЕДИЦИНА

Планира, води и надгледуваактивности на отворено поле и стакленици, во сточарското производство и други дополнителни активности.
Ракува со земјоделски машини, опрема и алатки и има познавање за заштита при работа со нив.
Ракува и применува фитомедицински препарати за заштита на растенијата и применува мерки за заштита при работа со нив.

Оператор за растително земјоделско производство
Оператор за земјоделска механизација
Оператор за заштита на растенија
Оператор за растително земјоделско производство

земјоделски институти, земјоделски аптеки, во прехрамбената индустрија, вработување во сите земјоделски фарми, како државен службеник при Министерството за земјоделие и шумарство и водостопанство,во индустријата за производство на сточна храна, индустриски ладилници за чување
на овошје и зеленчук, можноста за отпочнување на сопствен бизнис во земјоделието.