За Нас

За училиштето

У.Ц.”Моша Пијаде” е основан 1928 година како Нижe земјоделско училиште со кое се создале услови за стручно оспособување на ученици од повеќе краишта во земјава.

Настава

За разлика од практичната настава која се изведувала во училишното стопанство, феријалната пракса се изведувала во државни стопанства и други земјоделски и ветеринарни установи. На крајот на образованието учениците полагале завршен испит.

Со внесување на новини во образованието се јавила потреба за трансформацијана образованието, и Средното земјоделско училиште прераснува во Училишен Центар за образование на стручни кадри во стопанството “Моша Пијаде”.Како резултат на тоа на 27.12.1973 год. се верификувани следниве профили:

  • Земјоделски техничари
  • Земјоделско-машински техничари
  • Автомеханичари

За Нас

Наставата била двегодишна, а првата генерација броела 30 ученика. Главна цел на училиштето била да образува земјоделски кадри кои стекнатите знаење ќе ги применат во работата на сопствениот имот или во земјоделските стопанства.

Во 1945/46 година Ниже земјоделско училиште прераснало во Средно земјоделско училиште со траење од три години, а веќе во 1950/51 год.училиштето ја добило својата физиономија и станало четиригодишно училиште. Покрај теоретската и практичната настава во текот на учебната година ,за време на летниот период, се изведувала и феријална пракса а во траење од 1 месец.

Наставен кадар

Отворен за прифаќање и реализација на новини во наставата, креативен, флексибилен и стручно се усовршува преку: задолжителна посета на семинари; интерна обука; користење стручна литература; соработка со колеги од сродни училишта; соработка со Бирото за развој на образованието.

Небојша Трпковски

Директор

Светлана Милошевска

Помошник директор

Афердита Даути Хамити

Помошник директор

Војкан Гавриловиќ

Секретар

Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 год. се верифицира ветеринарната струка,а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Подоцна е формирана трговската струка,а во 1977/78 год.се оспособуваат кадри од прехрамбената и угостителската струка. Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 год. се верифицира ветеринарната струка,а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Поради се поголемиот број на ученици, во 1983 год.е изградена новата училишна зграда,која е опремена со најсовремени кабинети за изведувањае на задолжителна и практична настава. Порастот на моторните возила, пренесувањето на патници и превозот на стока,како и условите за нормално одвивање на сообраќајот придонесе да се зголеми интересот кон сообраќајната струка која се верифицира во 1995 год,како и занимањето столар од дрвопреработувачката струка.