Телефон: +389 44 33 04 94 Е-маил: ssoumpte@gmail.com Адреса: ул. Илинденскa бр. 301, Тетово

РЦСОО „МОША ПИЈАДЕ“

РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Електротехничар за компјутерска техника и автоматика

Четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника.

Наставна програма и услови: Струката е со четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника, околу 400 часа практична настава и над 500 часа работа со компјутери во 2 компјутерски училници со пристап на интернет.

Во програмата се опфатени:

  1. Користење на оперативни системи, апликативни програми за работа со текст, табели, пресметки, бази на податоци, електронски шеми и плочки, веб страни, електронска пошта, интернет, изработка на програми во актуелните јазици за објектно програмирање.
  2. Одржување на компјуерски системи – откривање на хардверски дефекти, инсталација и одржување на оперативен систем.
  3. Процесно управување – изработка на електронски склопови од автоматиката, употреба на микропроцесори, микроконтролери и компјутери во водењето на автоматизирани процеси во индустријата, одржување на елементите во системите за автоматско управување.

Листа на предмети

Можности за вработување: Изработка на програми за разни намени, изработка на веб страна, техничка обработка и подготовка на материјали за печат во издавачките куќи, сервисирање и одржување на компјутерски системи, изработка и одржување на уреди од автоматските системи во индустријата.


Електротехничар – енергетичар

Четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника.

Наставна програма и услови: Струката е со четиригодишно образование со 23 стручни предмети од електротехника, електроника, автоматика и компјутерска техника, околу 400 часа практична настава и над 500 часа работа со компјутери во 2 компјутерски училници со пристап на интернет.

Во програмата се опфатени:

  1. Откривање дефекти и врши интервенции од електрична и не електрична природа на електрични инсталации и осветлување;
  2. Контролира и анализира параметри и податоци добиени од мерни инструменти заради управување и регулирање во електроенергетиката;
  3. Управува, контролира и одржува електрични централи, електроенергетски постројки и електромоторни погони;
  4. Изведува операции на високонапонски и нисконапонски електроенергетски мрежи;
  5. Сервисира, одржува и поправа куќни апарати и уреди.

Можности за вработување: Со стекнување на квалификацијата Електротехничар-енергетичар ќе може да работи во различни работни средини како што се:

  • производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, осветлување на отворени и затворени површини, индустриски погони, станбени објекти, установи за јавни услуги, сервиси за куќни апарати, медиуми, установи за туризам, угостителство, образование, наука, здравство, земјоделие и др., како и да развива сопствен бизнис.

Исто така, ќе може да извршува работни задачи како:

  • Електротехничар за електрични инсталации и осветлување;
  • Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката;
  • Електротехничар за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија;
  • Оператор на електрични машини и електромоторни погони и Оператор на електрични апарати и уреди за домаќинство и погон и на други работни места, согласно со квалификацијата.


© 2023 All rights reserved. Developed by @Ilcho Vitanovski