Телефон: +389 44 33 04 94 Е-маил: ssoumpte@gmail.com Адреса: ул. Илинденскa бр. 301, Тетово

РЦСОО „МОША ПИЈАДЕ“

РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Основање и развој



У.Ц.”Моша Пијаде” е основан 1928 година како Нижe земјоделско училиште со кое се создале услови за стручно оспособување на ученици од повеќе краишта во земјава. Наставата била двегодишна, а првата генерација броела 30 ученика. Главна цел на училиштето била да образува земјоделски кадри кои стекнатите знаење ќе ги применат во работата на сопствениот имот или во земјоделските стопанства.

Во 1945/46 година Ниже земјоделско училиште прераснало во Средно земјоделско училиште со траење од три години, а веќе во 1950/51 г.училиштето ја добило својата физиономија и станало четиригодишно училиште. Покрај теоретската и практичната настава во текот на учебната година, за време на летниот период, се изведувала и феријална пракса а во траење од 1 месец. За разлика од практичната настава која се изведувала во училишното стопанство, феријалната пракса се изведувала во државни стопанства и други земјоделски и ветеринарни установи. На крајот на образованието учениците полагале завршен испит.

Средно стручно општинско училиште датира уште од 1928 година како ниже земјоделско училиште сè до 1960 г. кога прераснува во средно земјоделско училиште „Моша Пијаде“, додека како училиштен центар почнува да функционира во 1973 г. со следниве струки:земјоделски техничари, земјоделско-машинки техничари, автомеханичари, а подоцна е формирана и трговска струка. Во 1977/78 год, во рамките на центарот почнуваат со работа прехранбената и угостителската струка, а една година подоцна со работа почнуваат и ветеринарната и машинската струкаво чии рамки покрај машински техничари се образуваат и бравари, машино-бравари, металостругари и металоглодачи. Поради сè поголемиот број на ученици во 1983 е изградена нова училишна зграда. Така во сегашно време училишниот центар опфаќа: две училишни згради и 8 хектари земјиште, во чии рамки влегуваат:училишна економија:свињарска и краварска фарма, мини млекара, минимаркет и спортски игралишта. Во 1995год почнува со работа сообраќајната струка, додека трговската струка од 1998/99 е ставена во мирувње.

Во 2005/06 г. започнува со работа шумарко-дрвопреработувачка струка со профилот трхничар за шумарство и пејсажна архитектура, додека од учебната 2006/07 г. воведени се електротехничката струка, со профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика и градежно-геодетска струка. Како најнов профилвоведен од учебна 2009/10 г. авттехничар мехатроничар во рамките на машинската струка

Во 1960 г. била донесена одлука училиштето да го носи името Средно земјоделско училише “Моша Пијаде”.

Со внесување на новини во образованието се јавила потреба за трансформацијана образованието, и Средното земјоделско училиште прераснува во Училиштен Центар за образование на стручни кадри во стопанството “Моша Пијаде”. Како резултат на тоа на 27.12.1973 г. се верификувани следниве профили:

  • Земјоделски техничари
  • Земјоделско-машински техничари
  • Автомеханичари

Подоцна е формирана трговската струка, а во 1977/78 година се оспособуваат кадри од прехранбената и угостителската струка. Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 г. се верифицира ветеринарната струка, а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Подоцна е формирана трговската струка, а во 1977/78 г. се оспособуваат кадри од прехранбената и угостителската струка. Зголемените потреби од ветеринарен кадар во нашата општина и богатиот сточен фонд во училиштето за изведување на практична настава, како резултат на тоа, во учебната 1979/80 г. се верифицира ветеринарната струка, а подоцна е верифицирана и машинската струка со следниве профили: бравар, заварувач, лимар, металостругач и др.

Поради сè поголемиот број на ученици, во 1983 г. е изградена новата училишна зграда,која е опремена со најсовремени кабинети за изведувањае на задолжителна и практична настава. Порастот на моторните возила, пренесувањето на патници и превозот на стока, како и условите за нормално одвивање на сообраќајот придонесе да се зголеми интересот кон сообраќајната струка која се верифицира во 1995 год,како и занимањето столар од дрвопреработувачката струка.

Големиот интерес за шумарство, поттикна во 2004/2005 год да се верифицира со шумарска струка.

Со одлука на Владата на Република Северна Македонија 2019 година, а целосно превземено од МОН од 01.01.2021 година преминува во Државно Средно Училиште Регионален Центар за Стручно Образование и Обука „Моша Пијаде“.

Денес центарот опфаќа 2 училишни згради во кои се сместени:

  • 42 училници
  • кабинети
  • спортска сала
  • работилници
  • библиотека

и 8 хектари земјиште во чии рамки влегуваат:

  • свињарска и краварска фарма
  • цвеќара
  • кујна
  • авто-школа

© 2023 All rights reserved. Developed by @Ilcho Vitanovski