Телефон: +389 44 33 04 94 Е-маил: ssoumpte@gmail.com Адреса: ул. Илинденскa бр. 301, Тетово

РЦСОО „МОША ПИЈАДЕ“

РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Техничар за производно машинство – дуално образование

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, технологија за изработка на метални конструкции, технологија на заварување, Алатничар, Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми, Соработник за техничка документација во машинството во различни компании .

  • Изработува техничка и технолошка документација за обработка на металите;
  • Ракува со алатни машини;
  • Изработува метални конструкции;
  • Изработува и одржува алати и изведува заварувачки работи;
  • Користи алат;
  • Ракува и програмира CNC машини;
  • Ја планира, организира, следи и оптимизира работата;
  • Решава проблеми,
  • Контролира квалитет на алати, уреди, материјали и производи.



Соработка со

КИЕЛ МАКЕДОНИЈА

ДООЕЛ


Машински техничар за моторни возила

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Дијагностичар, Механичар и монтер на мотори и моторни возила, Оператор на технологија на производство и одржување на мотори и моторни возила, Станици за технички преглед, Автосалони, Продавници за резервни делови, Претпријатија со возен парк, Сопствен бизнис.

  • Одржува, сервисира и поправа моторни возила, но и учествува при нивното производство;
  • Организира и врши надзор над одржувањето и поправките на моторните возила;
  • Дијагностицира неисправности на моторното возило;
  • Проверува, подесува и поврзува делови и системи на моторното возило и организира постапки во производниот процес на моторните возила.

Техничар за компјутерско управување

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Оператор на CNC машина, Изработувач на CNC програми, Оператор на технологија на обработка на метали со деформација и режење, Оператор на компјутерски управувани системи и Соработник за техничка документација во машинството во различни компании.

  • Проектира, испитува и контролира машински елементи и конструкции;
  • Самостојно изработува програми со контролен софтвер за зададени предмети, односно програмира на CNC машини;
  • Користи напредни софтверски алатки за 3D моделирање (SolidWorks, AutoCad, FeatureCam)

Машинско енергетски техничар

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како механичар за енергетски постројки, оператор на технологијата на производство и одржување на енергетски машини и постројки, ракувач со постројки за производство на енергија, инсталатер за греење, климатизација и вентилација и слично, како и да води сопствен бизнис.

  • Управува со процеси и системи за задоволување на потребите на клиентите;
  • Врши планирање, подготовка и организација на работата;
  • Изработува техничка и административно организациона документација;
  • Ракува, одржува и управува со енергетски постројки, машини и уреди;
  • Изведува и сервисира системи за греење и климатизација;
  • Врши контрола на квалитетот и квантитетот на изведените работи;
  • Следи, контролира и регулира процесни параметри во термоенергетските и термотехничките постројки

Автомеханичар (3 години)

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Автомеханичар во автомобилската индустрија, да отпочненсопствен бизнис.

  • Одржува и поправа лесни моторни возила;
  • Демонтира и монтира мотор и составни делови на мотор со внатрешно согорување,
  • Ја контролира работата, одржува и ги отстранува неисправностите на моторот;
  • Одржува, сервисира и поправа системи кај моторно возило;
  • Одржува, сервисира, поправа неисправности и менува акумулатор, алтернатор, стартер и др. електрични уреди на возилото;
  • Менува пневматици и урамнотежува тркала, одржува и менува делови на системите за безбедност во возилото (ABS, TCS, воздушни перничиња);

Инсталатер за греење и климатизација

(3 години)

Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Инсталатер за греење и Инсталатер за климатизација во соодветни компании, да отпочне сопствен бизнис

  • Изработува елементи и потсклопови за инсталација со централно греење и климатизација;
  • Сече, обликува и спојува цевки и цевни елементи, делови од лим и профили, реже навој, изработува прирабници, држачи, потпирачи;
  • Ракува со алати за стегање, обработка, мерење и контрола;
  • Монтира грејни тела, котли, апарати, пумпи, компресори, термостати, приклучоци и друго;
  • Изработува и подготвува елементи за климатизација;
  • Монтира елементи на клима-уред;

© 2023 All rights reserved. Developed by @Ilcho Vitanovski