Телефон: +389 44 33 04 94 Е-маил: ssoumpte@gmail.com Адреса: ул. Илинденскa бр. 301, Тетово

РЦСОО „МОША ПИЈАДЕ“

РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА


Техничар за патен сообраќај

Четиригодишно образование од областа на сообраќајот, транспортот и складирањето.

 

Наставна програма: Оваа квалификација, покрај предметите од општообразовниот модул, опфаќа голем број стручни предмети распоредени во четири наставни години во рамките на модулите организација на работата во складиштата, организација на транспортот и фактори за безбедност на патниот сообраќај.

Покрај редовните, наставната програма нуди и изборни модули од областа урбанизам и сообраќај, како и современи технологии во сообраќајот, овозможувајќи и на оваа квалификација да биде во согласност со светските трендови и барања.

 

Во програмата се опфатени:

1.     Работење во областа на безбедноста во сообраќајот, односно вршење снимање на сообраќајот, изработување табели и графичка слика, уредување технички карактеристики на крстосниците и другите сообраќајни површини, како и сообраќајната сигнализација, утврдување режим на сообраќај и грижа за активната и пасивната безбедност во сообраќајот;

2.     Организирање, реализирање и следње на транспортниот процес при превоз на патници и товар во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај;

3.     Испитување на техничката исправност на возилата и на задолжителната опрема што треба да ја поседува секое возило;

4.     Преземање конкретни мерки за правилен увид на сообраќајна незгода;

5.     Применување на прописите, процедурите и законите од областа на сообраќајот и логистиката, особено безбедност при работа и заштита на животната средина.

Презентација

Наставен план со предмети


Можности за вработување: Оператор за регулирање и безбедност на патниот сообраќај, диспечер во патен сообраќај, оператор за организација на патен сообраќај, оператор за експлоатација на патни превозни средства, оператор за увид во сообраќајна незгода, оператор за складирање, како и на други работни места во доменот на патниот сообраќај, согласно со добиената квалификација.



Техничар за транспорт и шпедиција

Четиригодишно образование од областа на сообраќајот, транспортот и складирањето.

 

Наставна програма: Оваа квалификација, покрај предметите од општообразовниот модул, опфаќа голем број стручни предмети распоредени во четири наставни години во рамките на модулите организација на работата во складиштата, организација на транспортот и шпедитерско работење. Покрај редовните, наставната програма нуди и изборни модули од областа психологија и култура во сообраќајот, како и современи технологии во сообраќајот, овозможувајќи и да биде во согласност со светските трендови.

 

Во програмата се опфатени:

1.     Планирање, организирање, извршување и следење на транспортот на патот, од местото на прием до местото на испорака на пратките;

2.     Прием на стоката во складиште, вклучително и чување на стоката пред и по завршување на превозниот процес, ракување со стоката во складиште и испорака на стоката;

3.     Извршување шпедитерски работи поврзани со превозот и следењето на пратките, како и координирање на сите учесници при транспортот на стока од едно на друго место;

4.     Спроведување царински формалности;

5.     Собирање и обработување на потребната документација за прием, царинење, транспорт, како и

отпрема и допрема на стоката;

6.     Применување на прописи, процедури и закони од областа на сообраќајот и логистиката, особено безбедноста при работа и заштитата на животната средина;

7.     Применување на ИСО-стандардите во областите кои ги покрива квалификацијата.

 

Презентација

Наставен план со предмети

Можности за вработување: Оператор за транспорт, шпедитер, шпедитерски царински застапник, оператор за складирање, како и на други работни места во шпедицијата, согласно со добиената квалификација, или преку отпочнување сопствен бизнис.



© 2023 All rights reserved. Developed by @Ilcho Vitanovski